Подобрување на благосостојбата на животните: практичен пристап Ветерина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 201 Категорија

Подобрување на благосостојбата на животните: практичен пристап

1,692 ден

Нема на залиха

Категории: Ветерина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Новите закони што ги пропишуваат стандардите за благосостојба на животните создадоа потреба од разни програми за спроведување на таа благосостојба во склоп на фармите, за време на транспортот како и во кланиците. Иако има изобилство од информации за однесувањето кон животните, за етиката и за факторите што влијаат врз нивната благосостојба, сепак, сé уште се малку информациите што би ги насочувале ветеринарите и управителите на фармите за правилно оценување на благосостојбата на животните и за нејзино унапредување. Со оваа книга треба да им се помогне на луѓето што работат со животни да можат полесно да ги применат практичните методи за подобрување на благосостојбата, премостувајќи го јазот меѓу научните истражувања и нивната практична примена.
Користејќи го огромното искуство на уредничката Темпл Грандин, оваа книга добива форма на водич при практичното оценување и ревизија на проблемите поврзани со благосостојбата на животните, нагласувајќи го значењето за мерење на условите што ја загорзуваат таа благосостојба. Инаку, Темпл Грандин е професор по наука за животните на државниот Универзитет од Колорадо. Работи и како консултант при изведба на фарми за добиток. Добитник е на многубројни награди и признанија од областа и член е на неколку асоцијации и здруженија.
Овој текст е добредојден за сите ветеринари и луѓе што имаат какво било влијание врз благосостојбата на животните или накусо кажано за сите оние што ги спроведуваат во практика програмите за благосостојба на животните насекаде во светот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.