Почитување на виното Земјоделство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10579 Категорија

Почитување на виното

2,083 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Земјоделство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Со ова издание на Почитување на виното, Ричард П.Вајн, професор по енологија на Катедрата за храна при Универзитетот „Пердју“ и консултант за вино на Американ ерлајнс, направи маестрална работа со голема широчина и длабочина во своите излагања. Неговата посветеност на виното е навистина огромна. Тој, на само нему својствен, нов и возбудлив начин ги спојува уметноста и науката за виното. Факт е дека колку повеќе млади луѓе ја разберат улогата на виното во општеството, многуте негови позитивни страни, како и негативните што се појавуваат при негова злоупотреба, дотолку повеќе ќе имаме добри луѓе и подобро општество.
Во воведот, Вајн зборува за потеклото и за дефинициите на виното, неговата ферментација, сортите грозје, составот на виното и неговата микробиологија, неговата класификација и методи на производство, како и за маркетиншките аспекти за негова продажба. Понатаму ја презентира историјата на виното и неговата поврзаност со физиологијата на човекот. Нормално, тука е неизоставна и неговата употреба во кулинарството. Во вториот дел од книгата се дадени сите основни карактеристики на американските, француските, италијанските, германските, австриските, швајцарските, шпанските, португалските, австралиските, јужноамериканските, мексиканските, јужноафриканските, канадските и на новозеландските вина.
Ние се погриживме на македонското издание да му дадеме ексклузивен изглед и со тоа да понудиме еден совршен подарок за секој љубител на виното.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.