Опис
Џејмс Хант и Ники Лауда дефинираa една доба во Формула 1 во ’70-тите години на минатиот век. Нивната битка на Светското првенство во 1976 се смета за една од највозбудливите и најдраматичните во историјата на спортот. Ова е приказна за таа сезона, но и многу повеќе.
Легендарното враќање на Лауда по речиси смртните повреди и титулата на Хант носат една сосем нова генерација на следбеници кои претходно биле имуни на спортот. „Плејбојот и Стаорецот“ повторно ја оживува таа приказна.
По неверојатната сезона, нивните кариери и животи отишле во сосем спротивни насоки – Лауда станал почитуван советник за спорт, а Хант умрел на прилично млада возраст, водејќи живот типичен за еден тркач.
„Плејбојот и Стаорецот“ ја раскажува нивната приказна од амбициозните почетоци до кулминацијата на нивните соништа, па и многу повеќе.
РОЈ КАЛИ работи за Би-би-си Спорт и е дел од Формула 1 во еден или друг облик од средината на ’70-те. Џејмс Хант му станал спортски херој откако го видел како се трка во 1976. Кали е исто така и голем навивач на фудбалскиот клуб Блекпул и пишува за клубот. Тој оди на натпревари онолку колку што му дозволува неговиот зафатен распоред во Формула 1.