Планетариум Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Планетариум

200 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Да се претстави накратко „Планетариум“ на Натали Сарот значи горе-долу да се извлече и сета фабула што растечените свести и перспективи на неколкуте тангентно перцептибилни ликови во делото повремено ја одразуваат: неостварениот писател Ален и неговата сопруга  живеат во беден стан кој, по еден краток наплив на дарежливост на неговата тетка Берта, може да се случи да биде заменет со нејзиниот грандиозен апартман. Понудата е повлечена, протагонистите се вџашени и, стежнати под оковите на Саротовиот радикален модернизам, нурнуваат во понорот на сопствените неостварени сништа и пропаднати надежи. Токму и заради тоа светот на ликовите од „Планетариум“ е свет на ресентиманот, или повеќе космос од паралелни светови кои се вкрстуваат само преку нивната заемна злоба, малите неправди, малите одмазди и заемни дискредитирања. Во нив нема љубов, нема разбирање, нема комуникација.
Една од централните фигури на nouveau roman, Натали Сарот – адвокатка преобразена по средбите со Пруст и внатрешните монолози на Џојс и Вулф – стои на самиот почеток на една нова можност за европската книжевност, па не е воопшто чудно што нејзиното влијание во периодот меѓу шеесеттите години на ХХ век па сè до крајот на нејзиниот живот (1999) е постојано и значајно. Нејзиното непрестајно преиспитување на можностите и границите на жанрот на кој му припаѓаат нејзините најзнаменити остварувања е своевиден манифест на поствоениот книжевен XX век, едно од оние искрени љубовни писма до вечната уметност што е присилена коренито да се промени.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.