Опис
Бадемовата крема за деца се користи за нега и заштита на кожата на бебињата. Бадемовото масло содржи витамин Е кој ја хидратизира и влажни сувата кожа кај бебињата и го спречува јадежот. Витаминот Е допринесува во антиоксидативната одбрана на кожата. Цинк оксидот има лесно антисептично и адстрингентно дејство и се користи при отстранување на пеленскиот осип и други помали иритации на кожата. Бадемот содржи витамини Е, Б и К, есенцијални минерали како што се магнезиум и калциум и заради овој состав ја подмладува, омекнува, влажни и храни кожата. Ланолинот ја одбива водата и има антибактериско делување и создава оптимални услови за кожата да заздрави. Бадемовата крема за деца обезбедува заштитна бариера на кожата. Течниот парафин има лесни оклузивни својства. Вазелинот е типична состојка која дава влажност, ја подмачкува и спречува пукање на кожата.