Опис
Петар Велики (1672-1755) е една од клучните фигури во историјата на формирањето на она што денес го знаеме како модерна Европа. Под негово водство Русија излегува од дотогашната изолираност од светот и прераснува во големата политичка и воена сила на која сме сведоци до ден-денес.
Во оваа мошне позната книга, што во најголема мера се темела на автентични, руски извори, М. С. Андерсон прави сеопфатен осврт на животот на Петар Велики и на влијанието што тој го извршува не само врз Русија туку и врз светот воопшто, притоа понудувајќи и мноштво интересни и малку познати детали од неговата исклучително сложена личност, а со тоа и подлабок увид во неговите потфати – и како визионер-реформатор свртен кон Западот и како немилосрден автократ.