Persen forte | персен форте капсули, 20 Мозок & Меморија Kiwi.mk
Share:
Deal

Persen forte | персен форте капсули, 20

Природен хербален лек кој не создава зависност. Се употребува при умерени состојби на напнатост и немир предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето

362 ден

На залиха

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Нервен систем, Мозок & Меморија, Стрес & Расположение

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Персен Форте е традиционален хербален лек од растително потекло. Персен Форте традиционално се употребува при умерени состојби на напнатост и немир предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето. Традиционално е познато дека коренот на валеријана и листот на мелиса имаат смирувачко дејство, а листовите на мелиса и нане имаат ублажувачко дејство врз слабите гастроинтестинални тегоби.

Начин на употреба
Возрасни и адолесценти над 12 години :

  • при состојби на стрес, напнатост и раздразливост земете две капсули Персен Форте два пати на ден.
  • при несоница за полесно заспивање земете една капсула Персен Форте половина час до еден час пред спиење.

Капсулите се голтаат со вода, независно од оброците.

Дејството на Персен Форте се манифестира постепено. За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е капсулите непрекинато да се земаат најмалку 2 недели.

Времетраењето на лекувањето не е ограничено. После долготрајна употреба на ПЕРСЕН Форте во препорачаните дози, не се јавува зависност од препаратот ниту апстиненцијални симптоми.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.