Паметни материјали во архитектурата, внатрешната архитектура и дизајнот Архитектура Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1071 Категорија

Паметни материјали во архитектурата, внатрешната архитектура и дизајнот

1,450 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Архитектура

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Книгата е вистински бисер што би сакал да го има секој професионалец што работи во областа на архитектурата, дизајнот и уметноста, и е во потрага по нови материјали и инспирации. Авторот Аксел Ритер, повеќе од десет години е  вклучен во развојот на паметните материјали и нивната примена, како и во експерименталната архитектура и во иновативниот дизајн. Покрај овие негови активности, тој како слободен архитект и дизајнер има објавено неколку статии на темата и има одржано неколку предавања.
Паметните материјали се релативно нов поим, иако како такви се користеле одамна. Под паметни материјали се подразбираат производи што имаат способност да ја менуваат својата боја или форма како последица на одредени физички и/или хемиски својства (светлина, температура, електромагнетно поле итн). Тука треба да се спомне и категоријата на полупаметни материјали, кои можат да ги сменат својата боја или форма само еднаш или повеќе пати, но, сепак, ограничен број пати, што не е случај кај паметните материјали. Паметните и полупаметните материјали со едно име се нарекуваат функционални материјали.
Употребата на овие материјали не е изум на денешнината. Уште во најраната историја човекот употребувал врела вода истурена во дрво за да предизвика негово бабрење и со тоа разделување на карпи. Промената на должината од два различни метала споени еден до друг одамна се применува во индустријата за термоелектрични прекинувачи. Во ова дело само се прави едно сублимирање на поновите  достигнувања и се нуди преглед на паметните материјали што се најсоодветни за употреба во архитектурата, внатрешната архитектура и во дизајнот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.