Менсфилд парк Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12924 Категорија Ознака:

Менсфилд парк

298 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Фани Прајс е сиромашна девојка одгледана од нејзините богати и (со еден исклучок: Едмунд) непријатни роднини. По доселувањето на Хенри и Мери Крофорд во соседството, а во отсуство на Фаниевиот вујко, сер Томас Бертрам, почнува да се расплетува сложена мрежа од љубовни триаголници и четвороаголници. Но – наспроти очекувањето на Остиновите обожаватели – Фаниевата љубов е во заден план и се јавува дури во епилогот. Токму поради ова, во контекст на Остиновиот опус, Менсфилд парк е често придружуван од два суперлативи: најмалку популарен, но и најдобар нејзин роман. Многу покомплексен во поглед на структурата, многу посеопфатен во однос на идеите и многу поаналитичен во карактеризацијата на ликовите, тој е едновремено и многу помалку податлив за екранизација и потежок за читање и анализа.
И покрај експлицитното тврдење на Остин – во последното поглавје – дека минатото лишено од раскошот никогаш туѓ на нејзините роднини  ја прави Фани подобар човек од останатите, се чини дека малкумина читатели би можеле да се согласат со ваквото тврдење. Всушност, оттука потекнуваат и голем дел од контраверзиите врзани со Менсфилд парк. Фани е навистина единствена (заедно со Едмунд) што го смета бракот за однос на искрена љубов меѓу сопружниците, нејзината љубов кон селото и природата е доволно романтизирана за да може да се протолкува и како љубов кон заедницата и традицијата (наспроти урбаниот индивидуализам), а и религиозната конзервативност на навидум главната хероина – бидејќи, сепак, се работи за Остин – е насликана со позитивен признак (наспроти атеистички настроените Хенри и Мери Крофорд). Па, сепак, Фани Прајс не може да остане до крај жена-јунак со која би се идентификувале современите читатели поради нејзината силно изразена и секогаш присутна конзервативност. Таа е плашлива, повлечена, скромна, тивка, без свои ставови за кои би се борела и кои би можеле да се спротивстават на ставовите на другите ликови. За неа, секој човек има улога што мора послушно да ја одигрува во текот на целиот живот. Нејзината осуда спрема луѓето што сакаат некогаш да бидат и себични и што сакаат и да уживаат во животот, а не само да го сметаат за тешка одговорност чија единствена цел е да им се помогне на другите, често заморува, а повремено дури и звучи вештачки и претерано. Тоа се забележува дури и во моментите што навидум се епизодни, попатни и немаат вистински последици за натамошниот тек на настаните, но сепак се многу значајни при осветлувањето на карактерните црти. Таков пример е кога се подготвува аматерска претстава на имотот на сер Томас. Сите со одушевување ја прифаќаат идејата, освен Фани и Едмунд. Место претставата да ја сфати како начин за минување на времето или за експериментирање со потенцијалните актерски вештини, Фани ја сфаќа како израз на измама: сите што знаат да глумат, всушност, се измамници (таа, се разбира, одбива да глуми), а нивното претпочитање на комедија во однос на сериозна драма е одраз на нивната површност. Така, нејзината истрајност и верба во сопствените принципи, кои треба да ù дадат позитивен сјај, стануваат одбивни во комбинација со нејзината претерана повлеченост, главоболка, срамежливост и осуда кон сето она што може да биде забавно.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.