Откоп Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Откоп

170 ден

Време на достава: утре, 25.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од четврток, 26.12.2024 до петок, 27.12.2024 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Историјата, за жал, е неправедна кон некои од предвесниците: и покрај пионерските квалитети на нивните дела, во немал број случаи, маргинализираноста на нивните култури или јазици, спречува одекот на нивните ремек-дела да стигне подалеку од нивната најблиска околина. Па, така, и пред славата на „Храбриот нов свет“ на Олдоус Хаксли или „1984“ на Џорџ Орвел да ги обиколи меридијаните, СССР може да се пофали со две врвни остварувања во пред-жанрот: „Ние“ на Замјатин и „Откоп“ на Платонов.
Директно инспирирана од настаните што се случуваат во Советскиот Сојуз во втората деценија на дваесеттиот век – доаѓањето на власт на Сталин и присилната колективизација – „Откоп“ го следи обидот на група работници да раскопа доволно голема основа за изградба на џиновски дом на сите пролетери. Како што поминува времето, откопот станува сè поголем и поголем, но и цел сама по себе, а вклучените сè поисцрпени и на физички и на ментален план – соочени со гаргантуанската природа на проектот, но и со сè повидливото отсуство на смисла на подвигот.
Објавена првпат во СССР дури во 1987 година, „Откоп“ е интересна комбинација на погледите на една личност со искрена верба во комунизмот, но и креативна индивидуа со валидни забелешки за начинот, времето и местото на неговата имплементација. Сметан од Бродски за автор од рангот на Џојс, Музил и Кафка, кога првпат се појавува на увид на Запад, Платонов е поздравен за „највозбудливото откровение од Советскиот Сојуз“ – а „Откоп“ е доказ за целосната исправност на овој суд.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.