Основи на маркетингот за здравствена заштита Маркетинг Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10193 Категорија

Основи на маркетингот за здравствена заштита

1,692 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Маркетинг

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ерик Н.Берковиц е професор по маркетинг на Факултетот за менаџмент „Ајзенберг“ при Универзитетот од Масачусетс. Тој ја посветил оваа книга на маркетингот за здравствена заштита кој денес се смета за функционална дисциплина што се применува во управувањето на една организација за здравствена заштита. Во текот на изминатите триесет години, од кога за прв пат се појавува терминот маркетинг во литературата за управување со здравствената заштита, таа гранка од општеството минала низ драматични промени.
Денес, почнуваме да се грижиме за крајниот корисник, пациентот, да се посветуваме на заштитата и да сме осетливи на цената на здравствените услуги со што се прави едно доближување до останатите стопански дејности. Поради тој факт, како и кај другите дејности, маркетинг-концептите добиваат поголемо значење за давателите на здравствени услуги. Со развојот на технологијата стануваат подостапни информациите за конкурентите, а со тоа се олеснува споредувањето на квалитетот и на цените на услугите, што придонесува за усложнување на маркетинг-процесите. С
è е потешко да се направи добар маркетинг и да се биде чекор пред другите.
Авторот ни дава претстава за основите од маркетингот на здравствена заштита. Целта е да се обезбеди сеопфатно разбирање на принципите и на концептите што се применуваат во здравствените организации. Истражени се суштинските елементи на маркетингот, со надеж дека читателот ќе успее понатаму да ги препознае и да ги примени маркетинг-алатките во оваа денешна променлива и динамична здравствена заштита.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.