Опис
Знаењата за фармакокинетиката е од клучно значење во разбирањето на апсорпцијата, дистрибуцијата, метаболизмот и излачувањето на лековите.
Затоа е од витално значење за оние кои се вклучени во истражување, развој и претклинички и клинички оценувања на лековите како и за лекарите кои се вклучени во клиничката употреба на лековите.
Применувајќи различни пристапи кои се прифатливи од многу широк опсег на читатели, Основите на фармакокинетиката, покажува квантитативни фармакокинетички врски и интеракција помеѓу фармакокинетичките параметри.
По основниот вовед во фармакокинетиката и во областите поврзани со неа, книгата проучува и:
• математички операции кои најчесто се користат во фармакокинетиката;
• дистрибуцијата на лекот и клиренсот и како тие влијаат на брзината на елиминација на лекот по единечна доза;
• фактори кои влијаат на апсорпцијата на лекот следејќи ја примената на лекот, брзината и опсегот на апсорпција на лекот и биоекивалентноста на лекот;
• концептот на состојба на рамнотежа за време на интравенска инфузија со константна брзина и за време на повеќекратно внесување на лекот;
• елиминација на лекот преку бубрезите, метаболизам на лекот, модели кои се составени од повеќе делови, нелинеарна фармакокинетика и примена на лекот со повремена интравенска инфузија;
• фармакокинетичко-фармакодинамско моделирање, анализа на фармакокинетичките податоци во целина, концепт на клиренс од физиолошка гледна точка и физиолошко моделирање;
• клиничка примена на фармакокинетиката, вклучувајќи терапевтско следење на лекот, фармакокинетиката на лекот кај одредени популации, фармакокинетички лек-лек интеракции, фармакогеномски и примена на компјутерите во
фармакокинетиката.