Основи на безжична комуникација Електротехника Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 237 Категорија

Основи на безжична комуникација

1,692 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Електротехника

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Последниве петнаесетина години донесоа големи промени во теоријата на безжичната комуникација и во нејзината имплементација. Во овој труд се дадени универзалните ставови за безжичната комуникација заедно со основните концепти. Оваа книга, со својата содржина изградена на цврсти принципи, се наметнува и како прирачник и како учебник. Таа е претставена како единствна комбинација од инжинерска проникливост, теоретска визија и од искуство здобиено при практичното работење со системите.
Дејвид Це
е професор по електроинженерство и по компјутерски науки при Универзитетот „Беркли“, Калифорнија.
Прамод Висванат
е доцент на Катедрата за електроинженеринг и за компјутерски инженеринг при Универзитетот „Урбана-Шампањ“, Илиноис.
Авторите ги имаат разработено двата основни аспекта кои се од најголем интерес при разгледувањето на безжичната технологија. Како прво е разгледан феноменот на „слабеење“, односно варирање на јачината на каналот во текот на одреден временски интервал. Како второ, разгледана е интерференцијата која не постои кај жичната комуникација, бидејќи секој еден пар предавател-приемник може да се гледа изолирано. Интерференцијата може да настане меѓу предавателите што комуницираат со заеднички приемник, меѓу сигналите од еден предавател до повеќе приемници или меѓу различни парови од предавател-приемник.
Целта на книгата е проучување на безжичната комуникација гледана од овие два основни аспекта. Покрај традиционалните теми, како што се определувањето на средната вредност на диверзитетот и интерференцијата, голем дел од содржината е посветен на посовремени теми, како што е, на пример,
MIMO (multiple input, multiple output – повеќекратен влез, повеќекратен излез).
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.