Обновливи извори на енергија: моќност за одржлива иднина Машинство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11659 Категорија

Обновливи извори на енергија: моќност за одржлива иднина

2,850 ден

Време на достава: денес, 26.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 27.12.2024 до сабота, 28.12.2024 до 17ч

Категории: Машинство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Еден од најголемите проблеми со кој се соочува цивилизацијата денес е обезбедувањето резерви на одржлива енергија за свет што се шири и во кој се зголемува производството. „Обновливи извори на енергија“ ги разгледува и практичните и економските потенцијали за соочување со овој предизвик на изворите на обновлива енергија. Објаснети се важните физички и технолошки принципи за добивање енергија од директни соларни (соларно-термални и фотонапонски), индиректни соларни (биомаса, хидро, ветер и бран) и несоларни (тидални и геотермални) извори на енергија, во контекст на нивното влијание врз околината и нивната економска иднина и очекувања.
Заедно со придружниот том, „Енергетски системи и одржливост“, оваа книга нуди и гледиште и детали за релативните заслуги и состојбата на напредок на технологијата за искористување на неколкуте „обновливи извори“. Анализата вклучува емисија, одржливост, трошоци и сигурност на енергијата под влијание на политичките и економските притисоци што го водат општеството кон иднина со ниско ниво на јаглерод. Од преглед на основни процеси за претворање на енергијата, преку дискусија за индивидуалните обновливи извори, до заклучно испитување за идните можности за нивно вклучување во националните и интернационалните мрежи, оваа книга овозможува важен увид во иднината на обновливите извори на енергија.
  • Ги покрива сите главни форми на обновлива енергија што се искористуваат во моментот.
  • Интердисциплинарниот приод ги зема предвид економските, социјалните, политичките проблеми и проблемите со околината.
  • Деталните илустрации во боја, заедно со табелите со податоци даваат поткрепа на анализите од соодветните дисциплини.
Годфри Бојл, професор по обновливи извори на енергија, Отворен универзитет.
„Имам рецензирано многу учебници за обновлива енергија, а оваа јасно се истакнува над сите други. Нуди одлична рамнотежа меѓу техничката содржина и практичната примена“.
Даглас Џ. Реинман, професор по инженерство на биолошки системи на Универзитетот во Висконсин-Медисон, САД.
„Квалитетот на илустрациите во „Обновливи извори на енергија“, како и вклучувањето на податоците за енергијата во Северна Америка ја прават оваа книга и придружниот том „Енергетски системи и одржливост“ мој прв избор за која било програма за енергија во високото образование.“.
Џејмс Леидел, управител на Системи за чиста енергија, Универзитет Оукланд, САД.
„Одличен воведен текст на темата што бара минимално познавање на технологијата и математиката. Прекрасно илустрирано со слики во боја и дијаграми што се лесни за разбирање“.
***
Леон Фрерис, професор, Центар за технологија на системи за обновливи извори на енергија (CREST), Универзитет Лаубороу, Велика Британија.
Годфри Бојл, професор по обновливи извори на енергија, Отворен универзитет
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.