Облигационо право, книга 1 – договорот и едностраната обврска Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1148 Категорија

Облигационо право, книга 1 – договорот и едностраната обврска

1,750 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Муриел Фабр Мањан е професор по право на Универзитетот „Сорбона“, Франција. Во два тома зборува за облигационото право. Ова е првиот том кој е посветен на договорот и на едностраната обврска.
Меѓусебната спогодба т.е. договорот се објаснува почнувајќи уште од римско време. Потоа се разгледуваат неговите фундаментални принципи и неговата функција. Посочени се и можните судири на законите во рамките на облигационото право, како и разликите меѓу јавното и приватното право. Нормално мора да има поглавје за дефинирање на договорот во поглед на едно или повеќе лица. Многу детално се опишува и самиот процес на склучување на договорот кој содржи преговори околу самиот договор, заедно со сите детали од преговарањето и донесувањето финален документ кој се прифаќа од страните во договорот. Опфатен е и самиот момент на склучување на договорот како и местото на негово склучување.
Откога се склучил договорот, се разбира,  тој мора да биде валиден. Валидноста се должи на можноста за склучување на договорот како и на квалитетот на согласноста. Тука се мисли на разни грешки при составувањето на договорот, како и можните намерни злоупотреби со цел измама или, пак, изнудување присилна согласност.
Секој договор има свои услови. Во посебна глава е разработена природата на условите од договорите, нивното контролирање и законитост. Притоа може да дојде до неисполнување на некој од условите и ништовност на договорот. Доколку е сè в ред, се оди кон извршување на договорот со сите обврски што ги имаат засегнатите лица од договорот. Тие обврски имаат свој временски рок и начин на извршување. Доколку не се исполнуваат обврските или не се почитува договорот, се преземаат санкции. Природата на санкциите зависи од тоа дали договорот сè уште ќе важи или ќе биде раскинат.
И за крај се спомнува и можноста за еднострано обврзување со условите за негово настанување и правниот режим.
Ако составувате договор, тогаш ова е книгата што мора да биде внимателно прочитана пред да се впуштите во областа на облигационите односи.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.