Објектите и животната средина: системи за активна и пасивна контрола Архитектура Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 3454 Категорија

Објектите и животната средина: системи за активна и пасивна контрола

2,125 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Архитектура

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

За да можат модерните технологии максимално да се искористат, архитектите, проектантите, градежниците и изведувачите работат заедно на планирањето на машинската и електрична опрема со која се контролира внатрешната клима во објектот. Овој водич помага во постигнувањето максимални ефекти во удобноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектите. Објаснето е како треба стратешки да се испланира, а подоцна и имплементира еден ефикасен систем за контрола.
Во некои делови се оди дури и чекор подалеку, па се зборува и за генерирање електрична енергија на самото место со употреба на ветерници, фотоволтаици и на горивни ќелии. Се разгледуваат водоводните системи, системите за заштита од пожар, системите за сигнализација и за акустиката. Дадени се начини за пресметка на топлинските загуби и на искористеноста на сончевата енергија. Опфатени се најновите градежни кодекси и референтни стандарди. Собрани се најновите информации за одржлив дизајн на градежните системи и најновите технологии за енергетска ефикасност. Наведени се најновите размислувања за влијанието на објектите врз животната средина, квалитетот на внатрешниот воздух во објектот и таканаречениот „синдром на болна зграда“. Разгледани се и економските аспекти за исплатливост на инвестицијата, трошоците за одржување и самото пуштање во употреба.
Со ова дело, авторот Вон Бредшо (поранешен инструктор на Факултетот за архитектура на Универзитетот „Вашингтон“) создал една практична алатка која ја користат на самото градилиште сите архитекти, проектанти, градежници, изведувачи и останатите инженери и соработници што учествуваат во изградба на еден објект. Освен за нив, овој водич е одлична референца и за сите студенти од областа, како надоградување на нивните стекнати знаења и подготовка за задачите што ќе треба да ги решат во практика.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.