Ноќ во европа Прошетка низ Европа Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11644 Категорија

Ноќ во европа

280 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Прошетка низ Европа

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Ноќ во Европа“ од Полона Главан е омнибус од пет меѓуповрзани приказни, кој ја реактуелизира визијата на Џим Џармуш од неговиот веќе култен филм „Ноќ на земјата“ (1991): луѓе од различни делови од светот се сретнуваат во возот од Париз до Амстердам во текот на една августовска летна ноќ во 1998 година.
Протагонистите на романот се млади „бекпекери“ од различни делови од Стариот континент и од Америка, кои патуваат низ современата Европа со воз. Нивните лични искуства, нивните културни заднини – исто како и нивните купера – се подвоени и конституираат посебни светови: некои се трауматизирани од Југословенската граѓанска војна, други се вљубуваат, а трети пак се разделуваат на крајот од патувањето. Но секогаш остануваат ветувањата за повторни средби, за мултикултурна Европа, во која Истокот и Западот се обединуваат во идејата за наднационален европски идентитет. И токму овде, во оваа метафора, треба да се бара и наоѓа смислата на романот на Главан.
Полона Главан е родена 1974 година во Словенија. Уште пред да ги заврши студиите по компаративна книжевност и англиски јазик, се посветува на пишување и превод (Хана Арент, Фланери О’Конор). Нејзиниот дебитантски роман „Ноќ во Европа“ е преведен на неколку јазици и номиниран за престижната Кресникова награда во 2002 година. 
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.