Островот со скриеното богатство Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12972 Категорија Ознака:

Островот со скриеното богатство

213 ден

Нема на залиха

Нема на залиха ВО МОМЕНТОТ! Внеси email за известување за следна залиха.

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

No related in-stock products found

Дневна дампинг акција

Опис

Безмалку секоја од модерните идеи за пиратите потекнува или е популаризирана во „Островот со скриеното богатство“: едрениците, пустите острови, едноногите морнари со папагали на нивните рамена, картите со скриено богатство обележани со X. Внимателен стилист, Роберт Луис Стивенсон успева во оваа книга да создаде не само еден од најсаканите класици за деца, но и едно од најнезаборавните дела во историјата на книжевноста.
Причината за успехот на Стивенсон е двојна: тој не само што е еден од врвните мајстори на зборот (фален и величан во повеќе од еден наврат и тоа од автори од рангот на Борхес, Хенри Џејмс, Пруст и Набоков), туку е и еден од најуспешните диригенти на фабулата. Два цитати на Г. К. Честертон кажуваат многу и за едното и за другото. Првиот е за Стивенсон: тој секогаш „успева да го дофати правилниот збор со врвот на пенкалото, небаре човек што игра микадо“. Вториот токму за „Островот со скриеното богатство“: таа е „реализација на еден идеал, токму оној што е ветен во нејзината провокативна и примамлива карта; визија не само на бели скелети, туку и на зелени палми и сафирни океани“.
И навистина – на план на раскажувачка уметност и авантуристички дух, „Островот со скриеното богатство“ е ненадминат роман, имитиран и пастиширан толку многу пати што дури и малкумината кои го немаат читано, веќе ќе бидат запознаени со некои од неговите ликови и настани
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.