Опис
Целта на овој учебник е да претстави практични информации во врска со најчесто
употребуваните непараметриски статистички техники, што се достапни во статистички компјутерски пакети лесни за користење и статистички интернет страници со отворени извори преку интернет.
Целта на учебникот е да му помогне на читателот да разбере кога одреден
непараметриски тест ќе биде правилно употребен, да научи како да создава и
толкува компјутерски исписи кои се јавуваат како резултат на примена на тој тест и да ги претстави резултатите од анализата во облик на табела и текст.
Оваа книга е наменета да биде читана од истражувачи, студенти и професионалци
од различни средини и дисциплини, кои не мора да имаат солидно математичко
предзнаење, но кои се заинтересирани да најдат разумни и практични алтернативи
на параметриските статистички тестови, кога нивните податоци не ги исполнуваат
претпоставките на овие тестови. Од таа причина, претставувањето на математички
формули е сведено на минимум.
Оваа книга е напишана на ниво лесно разбирливо од луѓе кои имаат барем почетен
курс по статистика и затоа имаат некое познавање на концептите за нивоата на
мерење, тестирање на статистички хипотези, облици на дистрибуции, екстремни
вредности, различни параметриски тестови и статистичка сензитивност (моќ).