Нека снежи: три празнични романси Бестселери за млади Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11662 Категорија

Нека снежи: три празнични романси

360 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Бестселери за млади

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

НЕКА СНЕЖИ * ТРИ ПРАЗНИЧНИ РОМАНСИ
од Џон Грин заедно со Морин Џонсон и Лорин Миракл
***
Најстрашната виулица во последните педесет години
Три зимски љубовни приказни
Една волшебна вечер

Божиќ е и Грејстаун е затрупан со снег. Но, времето е повеќе отколку само мала незгода. Кога една девојка неочекувано ќе слезе од еден завеан воз, таа предизвикува цела низа настани што засекогаш ќе променат неколку животи.

Наскоро – четиринаесет загреани мажоретки ќе го преплават локалниот „Вафл Хаус“, филмската вечер на Дјук ќе биде грубо прекината заради една Твистер-мисија, а една вљубена шанкерка ќе одлучи за судбината на едно прасенце…

На крстопатот на трите приказни, првпат ќе се сретнат неколку туѓинци. И во центарот на снежниот Грејстаун – ќе расцути романсата! Исто како и во вашето топло, празнично срце.

Трогателна, смешна и исполнета со празнична магија… зарем би очекувале нешто помалку од триото најпродавани автори на денешницата?
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.