Наука за днк: прв курс Медицина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1138 Категорија

Наука за днк: прв курс

1,692 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Медицина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во овој прирачник  ќе сретнете комбинација од илустриран и наративен текст со детали за 12 доверливи лабораториски експерименти од областа на молекуларната биологија, развиени во меѓународно реномираниот центар за проучување на ДНК „Доналд“, при Лабораторијата „Колд Спринг Харбор“. Повеќе од 10 години се користи прирачникот во наставата на разни истражувачки и неистражувачки колеџи, како и во колеџите со напредни средношколски програми по биологија.
Презентирани се основните техники за ДНК-рестрикција, трансформација, изолација и анализа. Спротивно на тоа, дадени се и техниките за конструирање и за анализа на едноставен рекомбиниран ДНК-молекул. Покрај наведените факти, авторите ги водат читателите и зад сцената на современите истражувања, запознавајќи ги со клучните луѓе од областа и нивните експерименти.
Автори на овој прирачник се Дејвид А. Миклос, извршен директор на Центарот за проучување на ДНК „Доналд“ при Лабораторијата „Колд Спринг Харбор“ и Грег А. Фрејер, вонреден професор по клинички науки за здравство под влијание на животната средина и професор по анатомија и клеточна биологија при Универзитетот „Колумбија“. Тие се со надеж дека ова нивно дело ќе ги инспирира професорите по биологија ширум светот да ја сфатат вредноста од давањето слобода на студентите да си ги „извалкаат рацете со ДНК“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.