Опис
Богатството од материјали за животот на Наполеон е толку огромно, полето на истражување толку пространо, а заклучоците на претходните биографи толку различни.
Но, за да се портретира Наполеон, еден биограф може едноставно да се концентрира на најдобрите докази- пред сѐ на коренсподенцијата на Наполеон, користејќи го она што го знае за потеклото и опкружувањето на приказната и потпирајќи се на сопствените вештини и процена за да создаде вистински портрет.
Во секој случај, тешко е ако некој што ја проучувал Француската револуција до 1794 година не се праша што се случило и по неа; и речиси невозможно е да му се одолее на искушението да си ги одмери интелектуалните сили со толку прекрасна тема- тема што секогаш ќе биде жива:
Неосвоен од смртта ваквиот е освојувач, го нема е живот, но живее в слава.