Опис
Извонредно проникливиот и темелен историчар Пол Џонсон во оваа книга ни нуди јасен и сеопфатен увид во животот на Наполеон, воениот стратег, генерал и диктатор кој за време на неговиот подем успева под своја власт да го стави поголемиот дел од Европа. Проследувајќи го неговиот животен пат од раните почетоци во Корзика и војничкиот режим во Париз, преку многубројните победи на бојните полиња и наметнувањето на само за него карактеристичната воена диктатура, па сè до прогонот и смртта, Џонсон се впушта во истражување на потеклото на свирепата амбиција што го води Наполеон низ неговиот живот и низата историски потфати.