Опис
Романот „Најмал отпор“ дава прониклив поглед врз една значајна година од животот на една млада жена. Ема решава да плови кон нови насоки во животот предавајќи се на неговите сили и текови.
Кога нејзината баба умира, таа како наследство ù остава прекрасна летна куќа. Ема одлучува да ја посети куќата заедно со урната во која се наоѓаат кремираните остатоци од нејзината баба. На патот кон летната куќа таа се запознава со богат пар, кој исто како неа, скита низ животот. Таа ги кани во летната куќа на баба ù. Набрзо потоа Ема дознава дека е бремена, но она што не го знае е дали таткото на детето е богаташот или нејзиниот сопруг, кој моментално е
во Австралија.
Главната карактеристика на романот е јазикот: без оглед дали се зборува за полесните или за потешките аспекти на животот,
сè е кажано низ несентиментален, природен и рефлективен тон. Иронијата и интелектуалната рефлексија во романот потсетуваат на големите европски автори од раниот 20 век, но сето тоа е проткаено со младешкиот игрив стил на авторката.