Опис
Романот на Остер го следи Џим Неш, бостонски пожарникар, кој, откако го троши своето неочекувано наследство во возење низ Америка, по пат собира еден млад коцкар, со план да измамат двајца ексцентрични милионери. Но, планот не успева и тие брзо се наоѓаат на една ливада во Пенсилванија, принудени да изградат еден бесмислен ѕид од камења земени од руини на ирски замок од петнаесеттиот век. Времето минува, нивните долгови растат, исто како и нивниот бес, додека се обидуваат да се извлечат од ова кафкијанско ропство.
Популарниот автор на бестселери, Пол Остер, нѐ воведува во својот свет на сурови зделки и казнени каприци, свет во кој среќата и случајноста се непредвидлива сила.