Мртво море Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Мртво море

250 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во долгогодишната и плодна писателска кариера на најпознатиот бразилски автор Жорже Амадо, „Мртво море“ се издвојува како еден од трите најзначајни негови романи, покрај „Габриела, каранфил и канела“ и „Дона Флор и нејзините двајца мажи“. Во однос, пак, на поетичкиот опус на авторот, кој неговите проучувачи го делат на две фази, овој роман е спојница, зашто ги содржи елементите и од двете фази, на мајсторски начин амалгамирани во едно супериорно четиво – еден од најдобрите примери за она што се нарекува поетска проза.
Иако пишуван кога авторот имал само дваесет и четири години, „Мртво море“ е сериозна социјална студија на тешкиот живот на кајчарите од крајбрежјето на бразилскиот регион Баија, но и вдахновен поетски портрет на нивната религија и култура, на нивниот специфичен фолклор и препознатливи песни, како и длабоката религиска фасцинација на кајчарите од петимената божица на морињата.
Од овие причини, Амадо е исклучително почитуван како писател кој најуспешно и најверно го слика црнецот од Баија кому му дава видливост и го афирмира како составен дел од бразилското општество – чудесен конгломерат од раскошни култури и егзотични традиции што допрва треба да бидат признати од сите.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.