Монографија „песталоци“ Стручна литература Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11576 Категорија

Монографија „песталоци“

850 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Стручна литература

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Погледнете ги избраните страници од монографијата „Песталоци“ на следниов линк
http://issuu.com/arslibris/docs/pestalozzi/0
Изданието насловено како „Песталоци“ (“Pestalozzi”) на авторот Кочо В. Костов, кој цели 24 години беше директор на ова училиште, е сериозно осмислена и темелно изработена монографија посветена на објектот во кој е сместено основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци” од Скопје. За многу генерации ученици, Кочо В. Костов бил и ќе остане не само голем учител и педагог, туку и вечен симбол на неисцрпен ентузијазам и апсолутна преданост.
Постхумното објавување на монографијата „Песталоци“ на авторот Костов е всушност иницијатива на некогашните ученици во училиштето, за кои времето минато во школските клупи било клучно во личното и професионално оформување, оние кои секогаш се гордееле со овој податок од својата биографија и кои се емотивно врзани за ова училиште со речиси култен статус. 
Монографијата автентично ја отсликува замислата на авторот Кочо В. Костов и верно ја следи структурата на неговите белешки. Како посебни квалитети на изданието мора да се потенцираат употребата на огромна и ретка архивска граѓа, бројните документи, фотографии, скици, нацрти, видео записи, исечоци од весници и останати материјали, кои ја засведочуваат историската перцепција за Песталоци и ја евидентираат неговата благородна визија за иднината на децата. 
Изданието е со тврд повез, и содржи четири поглавја и рецензија на проф. Др. Ана Мартиновска. Функцијата на книгата се состои првенствено во промоцијата на високи вредности во образовниот, културниот и општествениот живот. Монографијата „Песталоци“ претставува интересно четиво и за педагозите, и менаџерите во образованието, и архитектите, и писателите, и тоа не само за историјата на една педагошка установа, туку и за влогот на еден, по толку нешта посебен човек во обликување на нашето минато, нашата перцепција на реалноста, но и нашата заедничка визија за иднината. 
Книгата е во претпродажба по цена од 800 денари.
 
Погледнете ги избраните страници од монографијата „Песталоци“ на следниов линк: http://issuu.com/arslibris/docs/pestalozzi/0
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.