Микроелектронски кола Електротехника Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 238 Категорија

Микроелектронски кола

3,783 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Електротехника

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Намената на оваа книга е да послужи како учебник за електоронски кола при универзитетските предавања по електротехничко и компјутерско инжинерство. Воедно, книгава е многу корисна за инженерите и за останатите стручни лица, за обновување и за надградба на нивните претходно стекнати знаења.
Со оваа книга се развива способноста на читателот за анализа и за проектирање на аналогни, дигитални, дискретни и интегрирани електронски кола. Посебен акцент е ставен на проектирањето транзисторски кола, бидејќи авторите се на мислење дека знаењето за содржината на интегрираните пакети ќе отвори можности за интелигентна и иновативна примена на тие чипови.
Адел С. Седра е професор по електроинженерство со специјалност за микроелектроника и декан на Факултетот за инженерство при Универзитетот „Ватерло“ во Торонто, Канада. Добитник е на многубројни награди и признанија. Почнувајќи од 2003 година, секоја година ја добива и наградата за „дипломец што демонстрира натпросечни академски и вонакадемски лидерски способности“.
Кенет К. Смит
е професор по електроинженерство на Факултетот за применета наука и инженерство при Универзитетот од Торонто, Канада.
Авторите тргнуваат од мислењето дека синтезата на колата најдобро се учи преку посочување на различните можности за „трговија“ меѓу изборот на една конфигурација на коло и изборот на вредностите за секоја од компонентите на дадената конфигурација. Делот за проектирањето е засилен со вклучување на многу примери за синтеза, вежби и задачи на крајот од секое поглавје. Инаку, книгава е поделена во три главни дела: елементи и основни кола, аналогни и дигитални интегрирани кола и избрани теми.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.