Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата Спорт Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13267 Категорија

Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата

1,097 ден

Пресметано време на достава: Скопје, утре по 16ч. Надвор од Скопје, од четврток, 05.12.2024 до петок, 06.12.2024 до 17ч

Категории: Спорт

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второто издание“
на оваа иновативна книга продолжува да ги води студентите кон подобро
сфаќање на менаџментот на човечки ресурси во спортот и рекреацијата.
„Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второ издание“
на идните практичари им нуди солидни информации за истражувањето и
примената на менаџментот на човечките ресурси за успех во спортската
индустрија.
Со повеќе од 30 години искуство во менаџментот со човечки ресурси, д-р
Пакианатан Челадурај нуди разбирање на динамиката на човечките ресурси
и менаџментот, но во фокус става три различни групи луѓе од кои се состојат
човечките ресурси во спортските и во рекреативните организации: платените
професионални работници, волонтерите и клиентите. Д-р Челадурај се
обидува да ги спои менаџерските процеси со поединечните разлики меѓу
овие три групи.
„Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второ издание“
ги спојува полињата на менаџментот на човечки ресурси и на спортската
индустрија во лесно четиво. Ажурираните упатувања, примери и студии ги
прикажуваат зголемениот пораст, интересот и сложеноста на менаџментот на
човечките ресурси во спортот од изминативе години. Ова ново издание става
акцент на менаџерските компетенции, стратегиската важност на менаџментот
на човечки ресурси и импликациите од организациската правда. Исто така, во
него има и ново поглавје за внатрешниот маркетинг, идеја што досега не била
соодветно дискутирана во спортски контекст, но го заслужува вниманието,
бидејќи спортските и рекреативните организации сè подобро ја сфаќаат
важноста на менаџментот на човечки ресурси. Ова ново поглавје детално
го објаснува потенцијалното влијание што може да го има внатрешниот
маркетинг и ги прикажува неговите употреби.
„Менаџмент на човечки ресурси во спортот и рекреацијата, Второ издание“
ќе ги насочи студентите да ги сфатат клучните идеи во областа на човечките
ресурси во спортот и рекреацијата. Со тоа, ќе ги подготви за кариера во оваа
индустрија.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.