Менаџирање на енергијата за транспорт Машинство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 239 Категорија

Менаџирање на енергијата за транспорт

1,450 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Машинство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

И покрај напорите за намалување на емисијата од јаглерод диоксид и фактот дека изворите за гориво стануваат сé по дефицитарни, во многу земји потрошувачката на гориво за транспорт е континуирано на ниво на максимум. Како тоа ќе се одрази на транспортниот систем во иднина? Нештата мора да ги менуваме, но потоа се прашуваме како тие промени да ги имплементираме.
Оваа книга влегува во костец со овие прашања и со предизвиците што ги носи самото менаџирање на енергијата за транспорт во модерниот свет. За тоа му благодариме на Џејмс Ворен, доцент на отворениот Универзитет „Источна Англија“ („
East Anglia“) во Норвич, Англија и истражувач при Одделот за истражување на енергијата и на животната средина. Приоѓајќи й на дадената тема интердисциплинарно, тој успева да ги интегрира технолошкиот аспект при снабдувањето со енергија со исходот од претворањето на истата, вклучувајќи го притоа социјалниот момент и однесувањето при користењето на енергијата.
Испитувајќи ги технолошките опции што ни се познати досега (хибридни мотори, биогориво и водородните ќелии), авторот во оваа книга се обидува да изнајде начин за тоа како да се развијат политики за одржлив транспорт со нови технологии и да се намали нашата зависност од енергетските системи што ги користиме денес.
Од витално значење за нашата иднина е создавањето на одржлива транспортна инфраструктура. На сите оние што се залагаат за нејзино создавање им  се потребни ресурси. Еден таков идеален ресурс е оваа книга, која што придонесува оваа многу значајна област да се разбере подобро.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.