Share:
Deal
SKU: 13433 Категорија

Мехмед освојувачот и неговото време

700 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Историја

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Од познатата опсада на Цариград во 1453 година, преку многубројните воени офанзиви што го обезбедија востановувањето на Отоманското Царство и настаните што го обележуваат животот на султанот Мехмед II се предмет на интерес на оваа класична биографија. Една од најзначајните фигури во историјата на Отоманците, султанот Мехмед, важи за архитект на победите што предизвикуваа страв низ Европа и дадоа свој влог во креирањето на сликата за Турците што долги години е присутна во западната уметност и во литературата.

Франц Бабингер (1891-1967) е автор на голем број книги и написи за сите периоди во отоманската историја, особено за релацијата помеѓу Отоманците и Европа во периодот на ренесансата.

„Фасцинантно… Од гледна точка на Западот, Мехмед е човекот што ù пресуди на Византија, збришувајќи го последниот траг на Источното Римско Царство. Воопшто не е изненадувачки фактот што Турците го слават како најголемиот од сите султани, фигура со којашто не може да се спореди ниедна друга во светската историја: по неговата храброст, државничкото чувство, покровителството на науките и уметностите.“

Роберт Кирш, „Лос Анџелес тајмс бук ривју“

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.