Меѓународно маркетинг истражување Маркетинг Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11090 Категорија

Меѓународно маркетинг истражување

1,692 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Маркетинг

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Веќе не станува збор дали претпријатијата можат да избираат да се интернацинализираат или не, туку ако сака претпријатието да опстане неопходна е интернацинализацијата. Глобалните претпријатија се секојдневие. Управувањето со кое било поголемо претпријатие во дваесет и првиот век ќе подразбира некаква меѓународна интеракција. Дури и ако трговските друштва не пласираат стоки или услуги на странските пазари, врз нив имаат влијание случувањата од глобалниот пазар. Поради ваквите состојби, пред да се пласира производот или услугата на меѓународен пазар задолжително е да се направи добро маркетинг-истражување.
Оваа книга дава стабилна теоретска основа, поткрепена со соодветни и со актуелни примери. Примерите го водат читателот низ сите фази од равојот и од спроведувањето на меѓународното маркетинг-истражување, од анализата на природата и од опсегот на истражувањето, па с
è до прибирањето и анализирањето на податоците.
Авторот на книгата, д-р В.Кумар, професор по маркетинг и извршен директор на Центарот за брендирање и за менаџирање на потрошувачи при државниот Универзитет во Џорџија, во ова свое дело ги разработува следниве теми: природата и опсегот на меѓународното маркетинг-истражување, маркетинг-истражување во меѓународна средина, процес на истражување, прелиминарни фази во процесот, истражување на секундарните податоци, маркетинг-истражување преку Интернет, истражување на примарни податоци, квалитативно истражување и истражување со набљудување, анкети, дизајн на прашалник, одредување примероци, едноставна анализа на податоци, напредна анализа на податоци, мултиваријантна анализа на податоци и презентирање на резултатите од истражувањата. Во посебен дел ги дава основните економски каркатеристики на земјите од Азија, Европа, Северна и Латинска Америка, Блискиот Исток и од Африка. За крај, како заклучок во поглавјето 22, авторот дава свое видување за иднината на меѓународното маркетинг-истражување.
Ова капитално дело мора да биде дел од професионалната библиотека на секој професионалец по маркетинг и на секој деловен човек.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.