Меѓународни центри за архитектура Архитектура Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10037 Категорија

Меѓународни центри за архитектура

842 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Архитектура

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Интересот на јавноста за архитектурата се зголемил кон крајот на 20 век. Со зголемувањето на степенот на демократија, граѓаните го иницирале создавањето на центрите за архитектура низ целиот свет преку јавни дискусии. Овие центри може да се вклопат во владините агенди за одржливост, култура и за наследство на архитектурата и на градежното опкружување. Тие стануваат достапни до јавноста преку разни изложби, работилници, семинари и иницијативи што се однесуваат на специфични локации и проекти, така што секој центар развива свој личен идентитет како последица од областа во која е насочена неговата работа.
Оваа книга самата по себе претставува водич со податоци за мрежата од центри за архитектура што се наоѓаат на територијата на Обединетото Кралство, Европа и на Северна Америка. Покрај основните информации за центрите, дадени се и трудовите што биле изложени во склоп на конференцијата „Вредностите на центрите за архитектура“, која се одржа во Британскиот музеј во Лондон во јуни 2002 година. Целта на конференцијата била зголемување на свесноста за важноста на центрите за архитектура и нивната улога како промотори на архитектурата и на дизајнот преку јавни дебати за минатото, сегашноста и за иднината на градовите. Покрај овие трудови, книгата содржи студии за три од центрите со коментари за работата на истите.
Уредници на ова издание се Хана Форд и Бриџет Сојерс. Тие испраќаат една јасна порака: архитектурата не е само за професионалците, за тие да даваат коментари или да одлучуваат за типот на градбата што треба да го исполни просторот. Давањето можност на граѓаните да го развијат својот интерес и да ја зголемат својата самодоверба за учество во архитектурата е целта која се остварува преку овие центри на архитектурата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.