Опис
Едно од најважните одличја на книжевниот опус на Томазо Ландолфи е
изразениот стилизам, додека неговата оригиналност во најголема мера лежи во
неговата способност за вметнување на своето огромно познавање за европската
книжевност во матрицата на неговото национално, италијанско книжевно
наследство со едно за него карактеристично поетско и преведувачко внимание
посветено на јазикот. Тој е во постојан обид за подобрување и збогатување на
својот стил, црпејќи искуства и постапки од чудни и неретко архаични извори, што
понекогаш доведува и до формирање на посебни јазици.
Во неговите дела несомнено се огледува влијанието на писатели како Едгар Алан По и Гогољ, а како една од главните карактеристики на неговото творештво може да се издвои неговата опседнатост со непомирливиот конфликт помеѓу уметноста и животот.
Случајно е збирка кратки раскази, вкупно тринаесет, кои може да бидат поделени
во три групи. Првите два се поврзани со убиството, широката тема околу која се
одвива дејството од четвртиот до десеттиот расказ, импотентноста согледана низ
една широка призма на воајерството и на неверството, по што, на крајот, следува
битката со патриотската реторика на државата воопшто.