Медицина Медицина Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1131 Категорија

Медицина

1,900 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Медицина

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Од самиот наслов се насетува содржината на оваа книга. Нормално дека е невозможно медицината да се стави во една книга, но авторите направија успешен обид да создадат корисна литература која се чита од прва до последна страница. Покрај практикантите по медицина, оваа книга е многу интересна и за сите читатели што имаат афинитети кон медицината. Книгата треба да биде прочитана од сите што сакаат да разберат што зборуваат лекарите кога се кај нив на преглед. Во неа се собрани сите најкорисни информации од повеќе медицински книги во еден формат што е концизен, разбирлив и лесен за читање.
Текстот се карактеризира со детална обработка на менаџирањето внатрешни и надворешни пациенти, со дополнителен водич за прием во болница, сите неопходни постапки при еден лекарски преглед, лабораториски проценки, дијагнози и третмани, стручни мислења за секое од поглавјата и доследна организација на поглавјата за болестите.
Ова издание дава дополнителен придонес за афирмација на пристапот кон медицината како наука и партнерсто меѓу лекарот и пациентот, со цел една болест да се разбере и да се излекува што подобро. Како што минува времето сè повеќе се потврдува предноста од ваквиот пристап со кој се развива индивидуален концепт кон пациентот и полека се напушта практиката за паметење на листа од причини и лекови за нивно третирање.
Ова се авторите кои искрено работат на развивањето на овој концепт за разбирање на физиолошките и на патофизиолошките аспекти на болестите.
Д-р Марк С. Фишман,
претседател на Институтот за биомедицински истражувања при Универзитетот „Кембриџ“, д-р Ендру Р. Хофман, професор по медицина при Универзитетот „Стенфорд“, д-р Ричард Д. Клауснер, извршен директор на глобалната здравствена програма од фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ и д-р Малком С. Талер, предавач на Колеџот „Брин Мавр“ и почесен доктор во болницата „Брин Мавр“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.