Опис
Математика за основно образование е прогресивна програма што развива севкупно разбирање на математиката, почнувајќи од раните години, па сè до крајот на основното образование. Поткрепувајќи ја содржината со решавање задачи, оваа програма им дава можност на децата да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици.
Математика за основно образование е напишана во универзален контекст и е приспособена за употреба низ целиот свет.
Учебникот, работната тетратка и збирката задачи со тестови и наставни листови Математика 7 целосно ги покриваат целите на наставната програма по математика за седмо одделение, следејќи го притоа и распоредот на наставните содржини дадени по часови и недели.