Опис
Математика за основно образование од Нелсон Торнс, преведена и адаптирана од страна на Арс Ламина – публикации, е прогресивна програма што развива севкупно разбирање на математиката, почнувајќи од раните години, па сè до крајот на основното образование. Поткрепувајќи ја содржината со решавање задачи, оваа програма им дава можност на децата да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици.
Математика за основно образование е напишана
во универзален контекст, а е приспособена за употреба во нашата земја.
Работната тетратка Математика 6 целосно ги покрива целите на наставната програма за шесто одделение.