Опис
Овој прирачник претставува важна поддршка на
програмата по математика за основно образование и е темелен и богат водич за наставниците, со цел да ги надополни и да ги дообјасни составните делови на програмата по математика, според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Прирачникот содржи листи на потребни ресурси, предлог-активности за умствено загревање, мноштво идеи за реализирање на наставните цели, сугестии за практични активности и поврзување со активностите во учебниците и работните тетратки.
Математика за основно образование од Карен Морисон е интернационално издание напишано во универзален контекст, а е приспособено за употреба во нашето образование, според наставната програма од Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Таа претставува прогресивна програма која развива севкупно разбирање на математиката, почнувајќи од најраните години, давајќи им можност на децата да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици.