Опис
Математика за 1 одделение, втор дел
Одобрено од Cambridge International Examinations
Напишано од експертите и усогласено со потребите на учениците во основното образование – е мотото под кое се издава оваа серија учебници во согласност со најновите наставни програми кои се применуваат во светот, со цел да им помогнат на сите ученици да станат самоуверени и успешни математичари, преку забава и интерактивен ангажман.
Учебниците ги следат методите, активностите и дидактичките насоки за реализација на наставните програми, во спирален систем. Во учебниците се нуди постепено и систематизирано разработување на поимите, од поедноставно кон посложено, и кон проширување на знаењата. Тие содржат објаснувања на непознати или помалку познати поими (Речник на крајот од секој учебник) и се посветува особено внимание на постојаното збогатување на речникот на ученикот.