Маркетинг за немаркетинг менаџери: водич за 21-от век за интегрирано управување со ресурси Маркетинг Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 183 Категорија

Маркетинг за немаркетинг менаџери: водич за 21-от век за интегрирано управување со ресурси

1,182 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Маркетинг

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

За што се залага една компанија водена од маркетингот во епохата на Интернетот? Како еден немаркетинг-менаџер, зошто би обрнувале какво било внимание на оваа тема? Како вметнувањето на фините точки од оваа тема ќе придонесе за вашата ефективност на работното место? Во ерата на отворени или на електронски деловни организациски структури, многу менаџери и претприемници одеднаш откриле дека им е потребно за знаат многу повеќе за маркетингот отколку што некогаш мислеле дека треба да знаат. Ако сето ова ви звучи како да се однесува токму на вас, тогаш текстот во оваа книга е идеален извор за тие теми.
Од прва рака се дадени детални информации за маркетинг-менаџментот и за стратегијата на конкурентност во епохата на Интернетот. Ќе ги разберете различните компоненти на маркетингот, како тие влијаат на целата компанија, како да комуницирате и да развиете подобар однос со маркетинг-професионалците и уште поважно, како активно и ефективно да учествувате во маркетиншките одлуки. Полека учите како да размислувате како маркетинг-стратег. Посочени се 25 реални примери на компании во кои се аплицирани овие концепти и техники.
Автор на ова прекрасно издание е Нортон Пели. Тој има 25-годишно искуство во менаџментот, маркетинг-менаџментот и во развојот на производи во „McGraw-Hill Inc.“, „John Wiley & Sons“ и во „Alexander-Norton“. Покрај неговата советодавна улога во креирањето на стратегиите за конкурнтност и за стратешко планирање. Тој има обемно искуство и како предавач пред менаџерите и пред техничкиот персонал во фирми како што се „American Express“, „Cargill“, „Chevron Chemical“, „Dow Chemical“, GTE, „McDonnell-Douglas“, „Ralston-Purina“, „Johnson & Johnson“, „U.S. Gypsum“, „Celanese и Pacific Bell“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.