Опис
Летај, мајско бумбарче! е  приказна за последните денови од Втората светска војна во Австрија, што има  основа во автобиографските искуства од детството на авторката.
Откако станот во Виена им е бомбардиран, малата  Кристел Гет и нејзиното семејство ќе изгубат сè. Семејството се засолнува во  една вила во преградието, бегајќи од неподносливиот живот во Виена под руска  окупација. Таму, малата Кристел прерано израснува и станува цврста и снаодлива:  ограбува напуштени подруми во потрага по храна, се соочува со руските војници,  се спријателува со воениот готвач Кон, но запаша и во можне опасни ситуации.
Кристине Нестлингер e добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1984 година, и добитник на Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ (ALMA) во 2003 година.




















