Лајоновиот прирачник за црковна архитектура Архитектура Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 166 Категорија

Лајоновиот прирачник за црковна архитектура

1,267 ден

Време на достава: денес, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Архитектура

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Со векови, црквите се суштински елемент на западниот свет. Меѓутоа, приказната за тоа како тие настанале вклучува многу повеќе од архитектонски стил. Кои биле аспирациите на големите црковни градители и како придонесувале со тоа што го граделе за идните генерации да ги менуваат сфаќањата околу нивната врска со Бог? Барањето на одговорите е срцевината на овој прирачник за црковна архитектура. Негови основни карактеристики се:
– повеќе од 500 фотографии, проекти и цртежи
– голем број цркви од целиот свет
– историски, теолошки и литургиски аспекти на архитектонскиот развој
– увид во човековата потрага за разбирање и за искусување на возвишеното
– напишан од Дејвид Стенклиф, експерт за црковна архиектура, литургија и богопочитување.
Дискусиите почнуваат со Светото место и со неговото влијание врз човечкото искуство, следејќи ја понатаму еволуцијата на црковната архитектура од библиските времиња па сè до денес. Опфатени се раните римски куќни цркви, развојот на Источната црква, архитектонските промени во романиката, готиката, ренесансата итн. Крајните поглавја се фокусираат на радикалните промени што биле предизвикани од протестантите и откривањето на печатарството, истражувајќи го патот што води кон современите толкувања на црковната архитектура. Во основа, треба да се разбере дека сите градби биле сметани за свети (што во денешно време е доста тешко). Со други зборови, начинот на којшто ќе ја изградите својата куќа и начинот на живот во неа бил одраз на она за што верувате дека е вистина во светот во кој што живеете, истовремено создавајќи поврзаност со оној што ја изградил. Ако тоа се однесувало за домовите, што да се каже тогаш за религиозните градби. Дури и најскромната капела била „мал рај на земјата“, како што рекол епископот Германус опишувајќи ја црквата. Ова е книга за сите кои што сакаат да научат да ги „читаат“ црквите што ги посетуваат, како и за сите со општ интерес за историјата на црковната архитектура. За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.