Опис
Тој е млад американски Индијанец по име Абел и живее во два света. Едниот е оној на неговиот дедо, кој во него го всадува чувството за изворните традиции и вредности, а од другата страна е суровиот свет на дваесеттиот век што му ги раскинува врските со духовната и физичката целовитост, со поврзаноста со родната земја и неговиот народ, односно светот познат како „куќа направена од зора“.
Во перипетиите што го вовлекуваат во еден компулзивен циклус на сексуална злоупотреба, искористување и одвратност, Абел завршува во затвор поради убиство. И повеќе од тоа – тој е распаднат човек кој пропаѓа во жив пекол.