Куфери од песок Светско книжевно богатство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13054 Категорија

Куфери од песок

170 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Светско книжевно богатство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Продолжение на Сол и сулфур, Куфери оg песок ја добива Гонкуровата награда во 1962 година и се смета за едно од ретките книжевни дела што успеало грозоморните искуства од Холокаустот да ги вообличи во уметничка форма. Приказната ја следи Марија, млада Полјачка, која неколку години по војната лута низ Париз. Нејзиното семејство e ликвидирано во текот на германската окупација на Полска. Во светот, оттогаш, мирот е вратен, но Марија во него живее како странец во место населено со сенки, место каде што мртвите имаат исто толку право на живот колку и живите – ако не и повеќе. Човечките преокупации и вредности за Марија станале неразбирливи. Сè вреди и ништо не вреди. Еден стар господин, Мишел Карон, кој го запознава случајно, се приврзува за неа и таа решава да тргне со него на југот на Франција. Но, таму нејзиниот придружник и става до знаење дека нежноста и пријателството за него нема да бидат доволни. Меѓу нив започнува една скриена борба; стравот на Мишел дека Марија ќе побегне, со секој изминат миг, се засилува. Марија, пак, се обидува, со една група деца, да ги врати интегритетот и радоста на своето сопствено детство.

Самоубиството на едно девојче од групата ја поттикнува Марија и таа да оди до крај, но попушта под притисокот на Мишел, повлекувајќи се во една состојба на летаргија и морална соголеност, неугодно место, но и место каде што се надева дека ќе најде мир. Ненадејното доаѓање на сопругата на нејзиниот љубовник ја нарушува рамнотежата и Марија мора да си замине и да се соочи со реалноста на светот. Можеби и да се обиде да живее повторно – сама.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.