Конкретна математика: основа на информатиката Математика Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11658 Категорија

Конкретна математика: основа на информатиката

1,900 ден

Нема на залиха

Категории: Математика

Поврзани производи

No related in-stock products found

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга претставува вовед во математика која служи како подлога за напредно компјутерско програмирање и за анализа на алгоритми. Основната цел на прочуените автори е да обезбедат цврста и значајна основа од математички вештини, односно од вештините кои се потребни за решавање сложени проблеми, за пресметување џиновски суми и за откривање скриени шеми во податоците. Како текст и како референтна книга е насушно потребна, и тоа не само за информатичарите (и самите автори многу зависат од неа!), туку и за тие што сериозно ја користат математиката во буквално секоја дисциплина.
Поимот „конкретна математика“ е спој од „КОНтинуирана“ и „дисКРЕТНА“ математика. „Поконкретно“, објаснува авторот, „таа претставува контролирана манипулација со математички формули, со примена на збир од техники за решавање проблеми.“ Овде темата на разработка првенствено претставува проширување на делот“ „Математички подготовки/претходници“ од класикот на Кнут „Уметноста на компјутерското програмирање“, но со поопуштен стил на објаснување и подлабоко навлегување во поодделните теми.
Додадени се неколку нови теми, а најзначајните идеи се објаснети почнувајќи од нивните историски корени.
Учебников содржи повеќе од 500 задачи, поделени во шест категории. За сите нив се дадени потполни одговори, со исклучок на проблемите за истражување, со што учебников е особено погоден за самостојно учење.
Едни од најважните теми се: Збирови • Рекурзии • Целобројни функции • Елементарна теорија за броевите • Биномни коефициенти • Генерирачки функции • Дискретна веројатност • Асимптотични методи
Ова издание содржи нов и значаен материјал од областа на механичкото собирање. Како одговор на широко распространетата примена на првото издание како референтна книга, овде се проширени библиографијата и индексот, а и на речиси секоја страница има значајни подобрувања.
На читателите ќе им се допадне разговорниот стил на „Конкретна математика“. Особено ќе уживаат во графитите испишани на маргините, кои потекнуваат од студентите што го слушале предметот врз основа на истиов материјал. Намерата на Греам, Кнут и Паташник не е само да покажат дека претставените техники се
од големо значење, туку и дека нивното учење и примена се многу забавни.
За авторите:
РОНАЛД Л. ГРЕАМ е Главен научник во „АТ и Т лабс рисрч“ (AT&T Labs Research). Тој е и универзитетски професор по математички науки на универзитетот „Ратџерс“ (Rutgers University) и е поранешен претседател на Американското математичко друштво. Д-р Греам е автор на уште шест учебници по математика.
ДОНАЛД Е. КНУТ е почесен професор по уметност на компјутерското програмирање на универзитетот „Стендфорд“. Во неговата плодна работа спаѓаат трите тома од „Уметноста на компјутерското програмирање“ и пет книги поврзани со неговите системи на печатарски слогови „TEX“ и „METAFONT“.
ОРЕН ПАТАШНИК е член на истражувачкиот кадар во Центарот за комуникациски истражувања „Ла Џола“ (Center for Communications Research, La Jolla). Покрај тоа, автор е и на „BibTEX“, процесор за библиографии кој има широка употреба.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.