Share:
Deal
SKU: 10614 Категорија

Комерцијално банкарство: управување со ризици

2,542 ден

Време на достава: денес, 15.05.2025 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 16.05.2025 до сабота, 17.05.2025 до 17ч

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Текстот има за цел да му го олесни на читателот разбирањето на актуелните настани во банкарството, тргнувајќи од електронското банкарство и брзото зголемување на меѓународните активности па сè до најновите закони и регулативи. Со посебен акцент врз управувањето со ризикот и максимизирање на профитот, овој наслов ќе ви овозможи обемен и практичен вовед во банкарскиот менаџмент и сегашните банкарски практики кои се користат за контрола на ризиците. Посочени се факторите што влијаат врз вредноста на банката и техниките за управување со таа вредност, вклучувајќи притоа и користење финансиски деривати. Посебен дел од книгата е посветен на главните активности при процедурата за одобрување кредит од гледна точка на банката и на кредитобарателот.
Бентон Е. Гуп
е професор по банкарство и финансиски менаџмент на Универзитетот во Синсинати и поранешен претседател на Среднозападната финансиска асоцијација.
Џејмс В. Колари
е директор на банкарската програма и професор по финансии на Универзитет „А и М“ во Тексас.
Текстот е организиран во пет делови: вовед, управување со активата и со пасивата, инвестирање, кредитирање и управување со ликвидноста, главница, пасива и управување со вонбилансна состојба и домашни и меѓународни финансиски услуги. Од досега кажаното може да извлечеме заклучок дека „Комерцијално банкарство: управување со ризик“ е задолжителна литература за секој што сака да биде во тек со случувањата во банкарството денес.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.