Кобзар Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal

Кобзар

170 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Тарас Шевченко за Украина е она што е Данте за Италија или Његош за Црна Гора: не само национален поет, туку и митска фигура врз чии рамена може да се изгради нација. А токму ова е книгата-постамент: „Кобзар“ (горе-долу украинскиот збор за поет, бард) најпрво ќе стане титула покрај името на Шевченко, а потоа и симбол за неговата сеопшта функција.
Големиот Кобзар има толку големо значење за Украинците што, дури и независно од неговиот типичен романтичарски сензибилитет, илузијата дека е вечен и неисцрпен го прави интересен за секое ново поколение. По волјата на историјата, тој е во секое време изедначен со Украина, па заедно со нејзиното постоење, продолжува да живее и самиот тој, собирајќи го во себе новото време и новото искуство на народот. Одговара на новите болки и мисли, застанувајќи пред новите предизвици на судбината, растејќи и развивајќи се во времето и во историјата, секогаш близок, но и секогаш недопирлив.
Шевченко е овде застапен со сета палета на неговите и општоромантичарски чувства: од препеви на народни песни до романси и оригинална лирика, од романтични балади до реалистични поеми, од националистички повици до гневна политичка сатира.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.