Капетан конан Светско книжевно богатство Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13004 Категорија

Капетан конан

213 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Светско книжевно богатство

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Роже Версел (Roger Vercel, 8 јануари 1894 – 26 февруари 1957) е француски романсиер, раскажувач и мемоарист чии главни книжевни преокупации се војната и морето – првата по игра на околностите, втората наспроти нив.
Дејството на “Капетан Конан” се случува за време на Првата светска војна на балканските простори, непосредно по објавувањето на примирјето од 1918 година. Елитната единица доброволци, под команда на поручник а потоа и капетан Конан, во тој момент се наоѓа на Дунав во Романија каде што е пратена како поддршка, но во услови на намалена воена активност. Тоа е можност војниците да му се вратат на цивилниот живот, но и на воените судови. 
Норбер, пријателот и соборец на Конан, е поставен за поручник-известител со задача да води истрага за Французите обвинети за воени злосторства и потоа да ги изведе пред воениот совет. Конан е обвинет за убиство, но Норбер одбива да го предаде својот другар, па ја напушта функцијата и се враќа на фронтот. Таму, за време на последната битка – која се води неколку месеци по примирјето – се покажува како херојски водач и со помош на тогаш притворениот Конан, успева да излезе како победник. Иако низ учеството во оваа победа, Конан е рехабилитиран, како и во повеќето војни и воени романи, и овде приказната се затвора со трогателна и горчлива кода.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.