Опис
Автобиографија на Ричард Бренсон
Вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“.
Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење.
Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила.
Тоа е таа филозофија заради која на шеснаесетгодишна возраст се откажал од школувањето, за да го основа револуционерниот магазин „Студент“ (кога му било речено дека од него се очекува да стане или криминалец или милионер), да ја именува музичката компанија „Вирџин“ (со значење девица, како одраз на неговото неискуство во бизнисот), и да ги победи гигантите како „Бритиш ервејс“ и „Кока-кола“, и тоа со нивен чекан по глава. Низ истите години успева да ги издаде некои од најважните албуми во музичката историја, како оние од Секс пистолс, Џенет Џексон и Ролинг стоунс, да урне многу светски рекорди со своите луди авантури и да изгради деловна империја вредна милијарди долари. Ова е неговата приказна, која ја раскажува со свои зборови и е како и сè останато во врска со Бренсон – забава.
Автобиографијата на Ричард Бренсон е многу повеќе отколку само збир од записи и мемоари – таа е приказ на неговиот живот и на начинот на работа, кои се сè само не обични. Но, уште поважно, таа е и ултимативен деловен водич што ги открива неговата уникатна филозофија на тргување, извонредниот успех и неговиот живот.
„Ве фаќа уште од првата страница и не ве остава до самиот крај… прочитајте што го мотивира овој брилијантен и вреден човек” – СПЕКТАТОР
„Искрен и хумористичен” – ТАЈМС
„Неверојатен човек, а ова е неверојатна автобиографија… Одлично дело за читање – секс, балони, интрига и пари” – САНДЕЈ БИЗНИС
„Бренсон си ја разголува душата – и сè останато – во еден небелетристички блокбастер… Задолжителна литература за читање” – БИЗНИС ЕЈЏ
„Бренсон изгледа настроен да се осигури дека сите, ама баш сите, се забавуваат исто колку што и тој се забавува” – ТАЈМ