Опис
Над Мазел де Мор, кога ќе стигнете во месноста Мае, почнува големата осаменост: буицата исчезнува, изворите пресушуваат, огромните голи пространства се протегаат до бескрајот. Вжештено или мразно, овдешната клима на годишните времиња им дава една космичка димензија. Старите луѓе умираат, фармите се напуштени, децата си заминуваат од местото: оваа е неговата приказна. Абел Рејан останува сам, последен од последните жители на ова безживотно мочуриште; само за да лови дроздови или да ги истребува зајаците, да ги чисти костените или да ги сече мртвите дрва… конечно, да ја предизвика неблагодарноста на небото и на земјата. Единствената провокација е неповратно осудена на неуспех. Облогот е однапред загубен: Абел умира поразен, но можеби во неговиот пораз се крие таинствена победа што никогаш нема да успееме да ја растајниме.
Жан Кариер, кој ја познавал земјата што ја опишува, нè прави свесни за трагичната атмосфера во анахроната Франција што умира недалеку од нас. А тоа го постигнува со сите ресурси на лиризмот како негова лична авторска постапка.